Властите смируваат: Нема опасност до појава на птичји грип во Македонија

18.11.2014 17:28

Македонските власти смируваат, во земјава се јаде здрава храна и нема опасност по појавата на птичји грип. Засега нема регистриран случај на заболена живина. Македонските производители очекуваат да имаат и ќар од целата ситуација...

Ветеринарните власти уверуваат дека пилешкото месо што досега е увезено од ЕУ е безбедно за јадење, ги има поминато сите контроли и нема опасност од птичиј грип во Македонија.

Нутриционистите велат дека месото и јајцата заразени со птичиј грип не се опасни доколку термички се обработат.

Иако вирусот на птичјиот грип една деценија наназад се појавува во еврпските и азиските земји кај нас досега не е забележано масовно угинување на живината.

Од појавата на птичиот грип во земјите од ЕУ најмногу фајде ќе видат македонските живинари, очекуваат поголема продажба и згоелмување на бројот на одгледувачи.

Од вчера тече времената забрана за увоз на пилешко месо и јајца од Холандија, Германија и Велика Британија.

Според епидемиолозите нема потреба од плашење за можна појава на пандемија.