Четворица загинаа во напад со камион на зграда во Кабул

18.11.2014 17:54

Талибанците, кои ја презедоа одговорноста соопштија дека нападот е насочен кон странските разузнавачи...

Најмалку четворица загинале а неколкумина се повредени при експлозија на камион пред комплекс згради во кои живеат странски државјани во Кабул. Министерството за внатрешни работи соопшти дека загинатите се чувари. Талибанците, кои ја презедоа одговорноста соопштија дека нападот е насочен кон странските разузнавачи.

Авганистан, заедно со Ирак, Пакистан, Нигерија и Сирија се змјите кои се најчеста  мета на терористичките напади. Бројот на жртвите е зголемен за 60 насто во 2013-тата во споредба со  претходната година, се вели во извештајот за тероризам на австралискиот  институт за економија и мир. Во европа најзагрозена е Русија а потоа следат Велика Британија на 27-мо место и Грција на 32-рото.