Пуштена струја во училиштата во Струга

18.11.2014 19:15

Вкупниот долг на струшките основни училишта во Струга изнесуваше 5 милиони денари а за кој долг општина Струга зеде обврска да го исплати...

Доцна попладнево струшките основни училишта повторно се приклучени на електричната мрежа. После неколку дневниот прекин кој првенствено беше поради немање нафта за греење, следуваше уште еден шок, прекин на електричната енергија од страна на ЕВН поради неплатени сметки.

Денес во попладневните часови состојбата со електричната енергија во ОУ Јосип Броз Тито во Струга како и подрачните училишта во селата Враништа, Мислешево и Радожда се нормализира и од утре продолжуваме со нормална настава, вели в.д. директорот на ОУ Јосип Броз Тито, Тони Савески.

Вкупниот долг на струшките основни училишта во Струга изнесуваше 5 милиони денари а за кој долг општина Струга зеде обврска да го исплати. Како што ни потврдија од таму дошло до договор со ЕВН за плаќање на долгот на рати како што и претходно бараше општина Струга. Во Струшката општина учат близу 5000 основци, кои од утре ќе се вратат во топлите училници.

Јованчо Наумоски