Пациентите да не страдаат поради неодговорно упатување
40 матични лекари имаат забрана да издаваат приоритетни упати, бидејќи според Министерството за здравство овие лекари во изминатиов период преку ред упатиле многу пациенти. На оваа одлука реагираат од Здружението на матични лекари, велат ниту еден матичен лекар не може да биде опструиран во неговата работа. Според нив, пациентите често го прескокнуваат матичниот лекар и веднаш одат на специјалист, кој од нив бара приоритетен упат, недостасува здравствена култура.

Во здравството два и два никогаш не се четири. Ниту еден матичен лекар не може да предвиди колку итни случаи ќе има денеска. Денеска може да има 30 итни случаи, а утре ниту еден. Не може да се каже дека некој има многу упати, тој значи навистина работел многу и прегледал многу пациенти.
Одговорноста за незгрижените пациенти ќе ја понесе оној што ја издал наредбата-вели Чолакова. Недефинираните состојби во здравството можат да им го загрозат здравјето на пациентите, затоа што во дијагнозата не се определува итноста, особено за малигните заболувања.
Замислете сега една жена кај која гинекологот ќе направи киретажа и ќе каже патологот дека има лесна атипија на клетко. Што значи таа лесна атипија, значи ли тоа дека таа треба да иде на гинеколог. Или ќе ја закажете после три или шест месеци кога ќе стане веќе карцином.
Од Министерството за здравство, пак, велат дека ниеден пациент не смее да биде вратен- ако има потреба ќе оди директно кај специјалистот, па потоа ќе донесе упат од матичниот лекар .
Соња Стојановска