Синодот на МПЦ изрази жалење за изгубениот спор пред Управниот суд
Синодот на МПЦ - Охридска Архиепископија преку соопштение го искажа своето жалење за изгубениот спор пред Управниот суд за експропријацијата на имотот на манастирот „Свети Наум Охридски“...

Синодот на МПЦ - Охридска Архиепископија преку соопштение го искажа своето жалење за изгубениот спор пред Управниот суд за експропријацијата на имотот на манастирот „Свети Наум Охридски“. Со ова, сметаат во Синодот негативно се влијае на духовниот раст на светилиштето.
Неофицијално владиците ја отвориле и темата за лустрација. Помладото крило не се противи да бидат лустрирани иако владиците не се опфатени со законот. Заклучок сепак не бил донесен. Арххиереите треба да достават свои предлози за подостојно одбележување на 50 годишнината од афтокефалноста на македонската црква. Ова се толкува како потег оти Синодот не одстапува од афтокефалниот статус на Црквата.
