Симулациска вежба на „Александар Велики“ за изолирање лица со симптоми на ебола
По слетувањето инфектолог, епидемиолог и уште двајца специјалисти по општа медицина со заштитна опрема влегоа во авионот. Разговараа со двајцата студенти за симптомите, и за тоа каде се движеле во авионот и со кој разговарале. Следуваше нивна изолација и пренесување до возилото на итната медицинска помош...

Вклучен алармот на скопскиот аеродром. Контроларта на летање добила повик од пилотот на Боингот 737 кој доаѓа од Либерија дека во авионот има двајца со симптоми на ебола. На стујардесата и се пожалале на тегоби. Надлежните медицински служби за кратко време подготвени да интервенираат на терен.
По слетувањето инфектолог, епидемиолог и уште двајца специјалисти по општа медицина со заштитна опрема влегоа во авионот. Разговараа со двајцата студенти за симптомите, и за тоа каде се движеле во авионот и со кој разговарале. Следуваше нивна изолација и пренесување до возилото на итната медицинска помош.
Двајцата либеријци со симптоми на ебола според сите медицински протоколи од авионот успешно беа спроведени до собата за изолација на скопскиот аеродром.
По дадената ургентна терапија двајцата со симптоми на Ебола беа транспортирани на Инфективната клиника.
Стујардесите и патниците кои седеле до заболените во оваа вежба ќе бидат 21 ден под карантин, а останатите 30 патници исто толку дена под епидемиолошки надзор.
Авионот беше целосно дезинфициран дезинфекциран.
Наташа Гркова Петрушевска
