Тројца наши на СП во Доха

18.11.2014 21:17

Од трети до седми декември во Доха ќе бидат Марко Блажевски, Горазд Чепишевски и Анастасија Богдановски...

Тројца пливачи ќе ја претставуваат Македонија на претстојното Светско првенство во  кратки базени. Анастасија Богдановски ќе се натпреварува во шест дисциплини, 50, 100 и 200 метри слободно, 50 и 100 метри грбно и на 100 метри мешано.

Од трети до седми декември во Доха ќе бидат и Марко Блажевски и Горазд Чепишевски. Блажевски ќе се појави во трките на 100, 200 и 400 метри мешано, како и на 200 метри слободно и 200 метри делфин. Чепишевски е пријавен во три грбни дисциплини, на 50, 100 и 200 метри.