Македонија со скок од 10 места според индексот на просперитет
Македонија се подобрува во рангирањето по индекс на просперитет на институтот „Легатум“ од Лондон. Од лани скокна за 10 места и се наоѓа на 69-то место во горната група на средно развиени држави во светот...

Покрај економскиот раст што се е потребно за просперитетот на една нација? Одговорот на ова прашање го бара институтот „Легатум“ од Лондон кој секоја година објавува Индекс на просперитет. Споредено со минатата година, Македонија направи скок од 10 места и сега се наоѓа на 69-то место во горната група на средно развиени држави.
Најдобри оценки доби за претприемништвото, владините институции, здравството и безбедноста. Послабо е оценета за образованието, персоналната слобода и донирањето за опшеството.
„Ние го дефинираме просперитетот многу широко. Веруваме дека просперитетот е мултидимензионален. Во индексот вклучуваме и информациите за економија, но таа е само една од многуте фактори што придонесуваат за просперитеот“, вели Нејтан Геимстер, директор на програмата на институтот „Легатум“ од Лондон.
Од 142 држави во анализата, најдобро рангирана е Норвешка, следува Швајцарија и Нов Зеланд.
Европа бележи назадување во индексот на просперитетот поради економската криза и големата стапка на невработеност. Најголемо назадување е забележано во Грција.
Институтот „Легатум“ со седиште во Лондон е основан од истражители на Горниот Дом на Британскиот парламент.
Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ
