ИПАРД инвестиции во градинарство

19.11.2014 10:24

Со пари од ИПАРД градинарите можат да изградат и да ги обноват стаклениците и пластениците. За инвестицијата од европските фондови добиваат половина од вложените средства...

Градинарите за производство, градба, и модернизација на пластеници и стакленици, можат да побараат средства од европскиот ИПАРД фонд.

На огласот кој е во тек, условите се подобрени и може да се аплицира и за 0,2 наместо половина хектар како порано.

За производството на отворено може да се набавува опрема за наводнување капка по капка, подземни и микро прскалки, заштитни мрежи и механизација.

За набавката на семе, посадочен материјал и услуги за садење не се одобруваат финансиски средства.

Со оваа програма се финансираат проекти во вредност од 3.000 до 2.300.000 евра.

 

Методија Трајков