Предупредување од жолта фаза- врнежите ќе продолжат
Како резултат на поројните врнежи од дожд, во Куманово и околината, поради неисчистено речно корито на Липковска река, дошло до нејзино излевање кај мостот на Шумското стопанство...

Вренежите ќе продолжат, температурата ќе се искачи до 15-от степен. Метеоалармот издаде предупредување од жолта фаза. Интензивниот дожд зафати поголем дел од Mакедонија. Невремето беше проследено со силни грмежи.
Како резултат на поројните врнежи од дожд, во Куманово и околината, поради неисчистено речно корито на Липковска река, дошло до нејзино излевање кај мостот на Шумското стопанство, при што поплавени се земјодеслко земјиште и приватна фарма, велат од Центарот за управување со кризи.
Исто така реката се има излеано во населба Средорек и улица „Октомвриска револуција“, при што има зафатено подруми на две згради.
Кај Доброшани се има излеано и реката Кумановка, а поплавено е земјоделско земјиште.
