Во Струга отворен четвртиот бизнис центар во земјава
19.11.2014 10:51
Формирањето на Бизнис центарот за поддршка на малите и средни претпријатија, е технички и финансиски помогнато од страна на Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации- УНДП...

Отворањето на Бизнис центар во Струга ќе има за цел да носи и овозможува информации за јавни повици и апликации за разни фондови од ИПА, Европската Унија и други фондови.
„Една од задачите кои што ги превземаме во рамките на оваа активност е и поддршката која што ја нудиме на отворањето на малите и средните бизниси, затоа и пристапот го нарекуваме инклузивен“, изјави Министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани.
За првиот човек на општина Струга ова е од големо значење но и поддршка за локалната самоуправа не само во Струга туку и пошироко.
„Бизнис центарот ќе нуди една доста добра поддршка и за општина Струга, но и за останатите општини кои што гравитираат во Југозападниот регион“, вели градоначалникот на Струга, Зијадин Села.
Според УНДП ова е голем чекор за бизнисот во нашата земја со оглед дека главна цел секако ќе биде зголемување на стапката на вработувањето.
„Јас мислам дека многу важна работа при планирањето е да се земат предвид потребите и факторите што влијаат за развојот на регионите и секако за поттикнување за она пто е најважно, а тоа е вработувањето“, рече претставникот од УНДП, Алесандро Фракасети.
Овој проект веќе долгорочно работи на територијата на Република Македонија каде претходно беа отворени вакви центри во Скопје, Штип и Тетово.
Јованчо Наумоски
