Најмалку четири жртви во снежно невреме во Бафало
19.11.2014 11:00
Снегот кој интензивно паѓа во последните 48 часа на некои места направи покривка до 1,5 метри, при што предизвика проблеми во сообраќајот...

Најмалку четворица загинаа во големото снежно невреме во американскиот град Бафало.
Снегот кој интензивно паѓа во последните 48 часа на некои места направи покривка до 1,5 метри, при што предизвика проблеми во сообраќајот.
Некои делови се без електрична енергија.
Градоначалникот прогласи вонредна состојба и забрани патување.
