Бан Ки Мун остро го осуди вчерашниот напад во Ерусалим

19.11.2014 11:06

Тој предупреди на опасноста од ескалацијата на состојбата и ги повика двете страни да внимаваат на реториката...

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун остро го осуди вчерашниот напад во синагога во Ерусалим при што петтмина Израелци починаа, а осуммина беа повредени.

Тој предупреди на опасноста од ескалацијата на состојбата и ги повика двете страни да внимаваат на реториката.

Шпанските пратеници апелираа до Владата да ја признае Палестина, но само доколу дојде до прекин на судирите и се најде решение за децениските судири.