Во Хонг Конг повторно немири, приведени четворица демонстранти
19.11.2014 11:56
Немирите почнале откако била донесена одлука да го расчистат кампот...

Немири во Хонг Конг. Четворица демонстранти се приведени, а три полицајци се хоспитализирани откако синоќа група млади луѓе се обиделе да влезат во зградата на градското собрание, при што дошло до судири.
Немирите почнале откако била донесена одлука да го расчистат кампот во кој демонстрантите протестираа речиси еден месец.
