Црногорскиот министер за здравство поднесе оставка поради скандалот со инфекција во болница

19.11.2014 12:25

Црногорскиот министер за здравство Миодраг Радуновиќ поднесе оставка поради инфекција на 5 бебиња во болницата во Бјело Поље, од кои едно почина, а друго се бори за живот.

Иако нема директна одговорност, Радуновиќ смета дека откажал здравствениот систем со кој раководел тој а тоа значи објективна одговорност. Како човек на врвот на здравствениот систем мора да биде одговорен и затоа што се создала таква состојба да не биде информиран за инфекцијата во болницата којашто со денови беснее во четвртиот по големина град во Црна Гора.  Тој изјавил дека прекинот на штотуку започнатиот живот мора да биде опомена и поука за сите.

Заради инфекцијата е затворен гинеколошко-акушерскиот оддел во болницата во Бјело Поље, сменет е директорот на болницата и целото раководство на одделот. Родилките се упатуваат во соседниот град Беране.

Соња Стојановска