Загина албански државјанин на Галичица

30.12.2013 16:07

Албански државјани за кои се претпоставува дека не биле планинари,

Албански државјани  за кои се претпоставува дека не биле планинари, паднале во амбис над селото Трпејца,  во реонот  на планината Галичица, охридско. Од нив едниот загинал, а вториот се бори за живот, додека двајца минале со полесни повреди.  Пределот по кој се движеле е на височина од  илјада и двесте метри, што им оневозможило на спасувачките екипи брао да реагираат. Дојавата за несреќата била од случаен минувач кој ја пријавил околу 11 часот. При извлекувањето, загинатиот имал повреди на главата и на градниот кош. Идентитетот на албанските држајани не познат.