Самовработување: АВРМ ќе додели грантови за бизнисите кои се на листата на чекање

19.11.2014 12:55

Според анализите на Aгенцијата, невработените најчесто сакаат да отворат занаетчиски бизнис...

Агенцијата за вработување ќе доделува грантови од проектот за самовработување на граѓаните кои предходно биле на листата на чекање за да ги добијат овие средства. Според анализите на Aгенцијата, невработените најчесто сакаат да отворат занаетчиски бизнис.

Сакаме да помогнеме на сите оние квалитетни бизниси кои аплицираа во апликативниот период и беа предселектирани и селектирани во квалитетни бизниси и се на резервната листа на Агенцијата за вработување за финансисрање. Во наредниот период ќе ги повикаме да склучат договори со Агенцијата и за да можат да ја остварат својата бизнис идеја, изјави директорот на Агенцијата за Вработување на Република Македонија, Влатко Поповски.

Проектот за самовработување преку грантови ќе се реализира во Скопје, Куманово, Гостивар, Прилеп и Битола.