Антиќ не ја спаси Атланта, Брајант со нов рекорд
За 18 минути игра во тимот на Хоукс, Антиќ запиша четири поени и осум скокови, од коишто пет офанзивни...
Перо Антиќ пропушти шанса можеби да ја спаси Атланта од пораз против Лејкерс, но на пет секунди пред крајот од мечот на домашен терен, при негатива од три поени, промаши обид за тројка. Славниот тим од Лос Анџелес имаше време за уште два коша, по што славеше со 114-109, остварувајќи ја само втората победа во новата НБА сезона.
За 18 минути игра во тимот на Хоукс, Антиќ запиша четири поени и осум скокови, од коишто пет офанзивни. Главен лик на паркетот беше Коби Брајант, којшто со 28-те постигнати коша стана само четвртиот играч во историјата со над 32.000 поени. Претходно, ваква бројка достигнале само Карим-Абдул Џабар, Мозес Мелоун и Мајкл Џордан. Атланта е со ефект од пет победи и пет порази во десетте одиграни средби досега, Лејкерс имаат дури девет порази на единаесет натпревари со подобар биланс само од Филаделфија.
Во другите три меча одиграни изминатата ноќ - Јута ја совлада Оклахома Сити со 98-81, иако губеше со 17 разлика во првиот дел, Милвоки беше подобар од Њујорк со 117-113 откако седуммина играчи на Бакс имаа над 10 поени, додека Њу Орлеанс триумфираше над Сакраменто со 106-100.
