Продолжува исплатата на субвенции за тутун

19.11.2014 13:08

Министерството за финансии продолжува со редовната исплата на субвенциите за поддршка на земјоделието, како една од носечките гранки на македонското стопанство...

Денеска на 3.504 кооперанти на Сокотаб- Битола и Алајанс Уан – Кавадарци ќе им се исплатат субвенциите за откупен тутун од реколтата 2013 година, соопшти Министерството за финансии.

Министерството за финансии исплати 88,9 милиони денари за откупниот период од 27 февруари до 15 март оваа година, односно за време на претседателските и парламентарните избори, кога беше сопрена исплатата на субвенции поради одредбите од Изборниот законик.