Расте бројот на заболени од хроничната опструктивна белодробна болест

19.11.2014 13:16

Во 9 насто од случаите, пушењето е ризик фактор за настанување на болеста, предупредуваат докторите...

Хроничната белодробна болест е третата водечка причина за смрт во светот. Боледуваат 50 милиони лица. Секоја година умираат три милиони.
 
Во 9 насто од случаите, пушењето е ризик фактор за настанување на болеста, предупредуваат докторите.
 
Институтот за белодробни заболувања и туберколоза денеска под мотото „Не е предоцна“ го одбележува Светскиот ден на хроничната опструктивна белодробна болест.
 
За таа цел беа организирани бесплатни превентивни прегледи преку тестови за мерење на функцијата на белите дробови, а се делат и пропагандни материјали.