Студен бран во САД: Силно невреме во Бафало

19.11.2014 13:35

Градските власти ги предупредиле постарите жители да не излегуваат од домовите. Повикана е и Националната града да помогне во санирањето на штетите...

Најмалку четири луѓе загинаа во големото снежно невреме во американскиот град Бафало. Снегот кој интензивно паѓа во последните 48 часа на некои места направи покривка до  1, 5 метри, при што предизвика проблеми во сообраќајот.

„Има заглавени многу возила, снегот предизвика хаос во сообраќајот“, вели еден жител на Бафало.

„Патиштата се многу лизгави, јас два пати се лизнав“, додава друг.

Во некои делови нема струја. Градоначалникот прогласи вонредна состојба и издаде забрана за движење на товарни возила во некои делови од градот. Градските власти ги предупредиле постарите жители да не излегуваат од домовите. Повикана е и Националната града да помогне во санирањето на штетите.

Невреме и во Албанија. Три лица го загубија животот  во поројните дождови кои предизвикаа  поплави во целата држава. Улиците во Драч, Скадар и Тирана речиси се целосно под вода. Направена е голема материјална штета. Во порекин е и поморскиот сообраќај, поради големите бранови предизвикани од ветрови. 

 

Марија Петковска