Надлежните институции ќе го испитуваат наводниот реекспорт на земјоделски производи од ЕУ во Русија

19.11.2014 13:45

Ќе се покренат кривични постапки ако се утврди дека поединци или фирми извезувале овошје и зеленчук од ЕУ во Руската федерација...

Владата им наложи на институциите да ги испитаат информациите за наводниот реекспорт на земјоделски производи од Европската унија во Русија. Ќе се покренат кривични постапки ако се утврди дека поединци или фирми извезувале овошје и зеленчук од ЕУ во Руската федерација. Засега постои само сомнеж, вели министерот Незири .

Донесовме заклучок да бидат вклучени сите институции кои ќе направат анализа за тоа дали постои такво нешто, бидејќи во оваа фаза од страна на Русија има само сомнеж, не е сигурно дека такво нешто постои. Ќе биде вклучено министерството за внатрешни работи, ќе биде вклучена Царината, како институција која што е адекватна, ќе биде вклучен и земјоделскиот инспекторат и се разбира Агенцијата за храна и ветеринаство, изјави министерот за економија Беким Незири.