Регинот на ЦЕФТА е подготвен за поголема интеграција

19.11.2014 13:52

Регионалната соработка меѓу земјите членки на ЦЕФТА има огромен потенцијал да придонесе кон идниот економски развој на секоја земја членка посебно...

Регинот на ЦЕФТА е подготвен за поголема промоција и привлекување на инвестиции, клучни приоритети на кои ќе биде фокусирана Македонија како земја престедавач. Земјите потписнички на состанокот во Скопје говореа за потенцијалот на развој и промоција на синџирите на вредности на индустриите.

ЦЕФТА договорот, како еден од најлибералните регионални договори за слободна трговија дава можност за еднакво ниво на полето на соработката пред да се отворат вратите на Европската унија за земјите од регионот. Бројните активности кои ги преземавме во рамките на нашето претседавање со ЦЕФТА годинава, го зголемија оптимизмот и покажаа дека регионот е подготвен да исчекори напред и да ја подобри економската интеграција, рече министерот за економија Беким Незири на отворањето на настанот.

Заменик-шефот на мисијата на Амбасадата на САД во Македонија, Бартон Путни рече дека регионалната соработка меѓу земјите членки на ЦЕФТА има огромен потенцијал да придонесе кон идниот економски развој на секоја земја членка посебно.

ЦЕФТА е многу важна алатка за постигнување поинтегриран економски регион. Како што го зголемуваат нивото на соработка и се доближуваат до целосно елиминирање на царинските давачки во меѓусебната трговија земјите на ЦЕФТА се соочуваат со нови предизвици. Разноликоста на овие прашања целосно се одразува во агендата на настанот и ја потврдува комплексноста на процесот на трговско интегрирање, потенцира Путни.