23 нови цариници дадоа свечена заклетва
Директорката додели пофалници на најдобрите во службата...

23 новопримени службеници на работа во македонската Царина денеска дадоа свечена заклетва дека совесно ќе ги извршуваат работните задачи.
„Зад секој резултат е трудот на вработените, зад секој број, зад секоја активност стои тим на вработени кои вложиле време, знаење и стручност за исполнување на обврските, за што пак сите ние вработени во Царинската управа сме многу благодарни. Но, исто така неспорен е фактот дека во големата слика се и нашите соработници и корисници на услугите. Просперитетот на Царинската управа се должи и на нивната отворена соработка во секој заеднички чекор“, изјви директорката на Царинската управа, Наташа Радеска-Крстевска.
Директорката додели пофалници на најдобрите во службата, а благодарница доби и криминалистичката лабораторија на мвр за соработката во делот на нарко вештачењата..
