2013- та година на образовни реформи

30.12.2013 16:39

Подобрување на студентскиот стандард , нови наставни програми , изградба на училишта и спортски сали...

Подобрување на студентскиот стандард , нови наставни програми ,  изградба на  училишта и спортски сали, се дел од реформите што ги спроведе Министерството за образование во годината што изминува .  За прв пат беше спроведено и екстерното тестирање , што на  површина ги исфрли недостатоците во  образованието .

-Нашите очекувања се да се зголеми квалитетот на образованието воопшто, и во 2014-та планираме овој процес да продолжи со реализација , како што впрочем и најавивме во текот на јануари  ќе се спроведе за учениците во завршните години од средното образование . - Спиро Ристовски – министер за образование  

22, 4 милијарди денари ќе му бидат  на располагање на Министерството . Тоа значи повеќе пари во 2014-тата за инфраструктурни инвестиции , корекција на  наставните програми , модернизација на студентските домови .... 

-60 проценти повеќе  споредено со буџетот во 2006-та година и со ова јасно покажуваме дека образованието ќе остане врвен приоритет на Владата на Република Македонија . Ве уверувам дека заедно со мојот тим ќе дадеме максимум во 2014-тата година. - Спиро Ристовски – министер за образование и наука

В година се очекува да пристигнат и првите учебници како резултат на договорот со универзитетот Кембриџ .

Викторија Тодоровска