Полицијата заплени 236 грама хероин на граничниот премин Богородица
Дрогата била наменета за домашниот нарко пазар. Запленетиот хероин при продажба на домашниот нарко пазар на мало би достигнал цена од 15.000 евра...

Изутрината запленети 236 грама хероин на граничниот премин Богородица. 46 годишен скопјанец се обиде да ја внесе во земјава од Турција. Ја сокрил во елекот кој што го носел на себе. Во внатрешниот дел, под потставата, имало пришиено долгнавесто пакување исполнето со прашкаста материја.
Дрогата била наменета за домашниот нарко пазар. Запленетиот хероин при продажба на домашниот нарко пазар на мало би достигнал цена од 15.000 евра. Од страна на Секторот за недозволена трговија со дрога од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство во Велес ќе биде поднесена кривична пријава на лицето кој се обидело да го пренесе хероионот, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело - “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Лицето е лишено од слобода и истото во текот на денот ќе биде изнесено пред судија на претходна постапка. Со овој случај којшто е реализиран во рамки на пошироката оперативна акција “Мрежа“ насочена за сузбивање на недозволената трговија со дроги досега кривично пријавени се околу 140 лица. Запленети се приближно 515 килограми разни видови дроги.
