Обилните врнежи предизвикаа штети во кумановско
Од Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување се на терен и досега има поставено преку 1000 вреќи со песок кои ќе бидат употребени за изградба на одбрамбени насипи кај Средорек, локалитет Водовод и на сите места на кое ќе биде неопходно...

Целосно под вода осамнаа жителите од 15-тина куќи од улицата Никола Тесла, по излевањето на реката Кумановка. Подрумите, дворовите и гаражите им се целосно поплавени. Со пумпи и кофи ја црпеа водата и калта за да санираат дел од штетата во домовите.
„Мината поплава ја реновирав куќата, ги сменив плочките во купатило, спалната соба, ходникот се комплетно и еве сега имаме пак поплава и повторно треба да даваме пари да санираме“.
„Најголем проблем е речното корито кое има простор само од 20 см до излевање. Ние како месна заедница собравме пари и сакавме сами да си го исчистиме и направивме, поднесовме и барање до Општина, но до сега ништо од тоа“, се жалат поплавените жители од улицата Никола Тесла.
Од силното невреме Кумановка штети предизвика и во селото Доборшане. Целата покуќнина, заедно со апарати за домаќинство и мебел на Ванчо Спировски се под вода. Тој упати апел до надлежните да му излезат во пресрет и да му помогнат.
„Кај игралиштето се прави јаз, се блокира реката, се насобира вода и потоа се излева. Тоа место е критично и треба да се санира. Другите куќи се на повисоки, но мојата е прва на налетот на вода и се поплавува“, додава Ванчо Спировски жител на село Доборшане.
Излевање на Кумановка имало и кај локалитетот Водовод при што поплавен е дел од паркинг со возила и пешачки патеки кои служат за пристап до стамбените објекти.
Кај селото Лопате – Ропаљски Дол се излеала реката Луга при што се попалавени 2 штали и трактор.Истотака полавени се и земјоделски површини во двете општини.
Од Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување се на терен и досега има поставено преку 1000 вреќи со песок кои ќе бидат употребени за изградба на одбрамбени насипи кај Средорек, локалитет Водовод и на сите места на кое ќе биде неопходно. Истотака пуштени се и машини на Ј.П Водовод и ги расчистуваат критичните места.
Габриела Димковиќ
