Претставници на политичките партии со сугестии и идеи за работата на ДКСК
Од Антикорупциска велат дека ги охрабруваат уверувањата на политичките субјекти за поддршка на проектот...

Невладините организации и политички партии се вклучија во проектот за борба против корупцијата. Од Антикорупциска велат дека ги охрабруваат уверувањата на политичките субјекти за поддршка на проектот.
Според Мирјана Димовска, проект-менаџер, денеска политичките партии дале поддршка за проектот и за предвидените содржини и изразиле отворена, како што рече, политичка волја да се спроведува ваков проект, и тоа во однос на постапување со имотната состојба, интересите, состојбите во судството, конфискацијата на имотот, корупцијата во пониските нивоа, воспоставувањето на институционалните капацитети на повисоко ниво на Република Македонија, подобрувањето во законите.
