Унгарија воведе данок на сапунот и суперданоци за чипс и реклами

19.11.2014 15:31

Супер данокот на приходите на медиумите од реклами се доживува како атак на приватниот канал РТЛ за кој стапката од 40 помина на 50%...

Унгарскиот парламент со 128 гласа наспроти 30, усвои низа нови даноци кои се однесуваат на странски компании и производи, како и на производи за секојдневна употреба.

Изгласан е нов данок за сапун и проширување на данокот за чипс. Супер данокот на приходите на медиумите од реклами се доживува како атак на приватниот канал РТЛ за кој стапката од 40 помина на 50% . Од РТЛ сметаат дека ваквата стапка на данок е дискриминаторска бидејќи се единствен медиум со ваков супер данок.