4 меча до одбрана на титулата
Најдобриот шахист во светот со историски највисок рејтинг 2882 и бранител на титулата Магнус Карлсен ја задржа предноста од еден поен остварена уште по втората партија и води во дуелот со 5-кратниот светски првак Ананд со 4 и пол спрема 3 и пол...
Со ремито во 8-та партија од мечот за светски првак во Олимписко Сочи најдобриот шахист во светот со историски највисок рејтинг 2882 и бранител на титулата Магнус Карлсен ја задржа предноста од еден поен остварена уште по втората партија и води во дуелот со 5-кратниот светски првак Ананд со 4 и пол спрема 3 и пол.
Отворањето со кралски гамбит што беше модерно во 70-тите и дијагоналниот напад на Вишванатан Ананд кој ги водеше белите фигури не беше закана за шаховскиот Моцарт-како што го нарекуваат еден од тројцата најмлади велемајстори во историјата, па Карлсен со серија неизбежни размени на фигури без проблеми ја одведе партијата во реми завршница. Битката за престижната титула, но и за наградниот фонд од 1 милион евра од кои 60 насто ќе му припаднат на победникот ќе продолжи утре со 9-тата партија.Предвидено е мечот за светски првак да биде во 12 партии ,но ако резултатот биде израмнет тогаш на 27-ми месецов би се одиграла решавачката тај-брејк партија, што пак ќе го смени соодносот на поделба на наградниот фонд. Титулата изборена во тај брејк ќе вреди 550000 евра ,а за поразениот ќе останат 450000.
