Шестмесечна суспензија за Пандев!
Дисциплинската комисија реши суспензијата на Пандев да важи од 30-ти октомври што значи дека на зелените терени повторно ќе може да истрча на крајот на април 2015-та...

Сашко Пандев доби суспензија од шест месеци поради физички напад врз судијата за време на натпреварот со Брегалница во Штип. Фудбалерот на Турново доби втор жолт и автоматси црвен картон затоа што го соблече дресот по постигнувањето гол, а незадоволството од развојот на настаните го изрази со расправија и со напад на помошниот арбитар Иса Емрули.
Дисциплинската комисија реши суспензијата на Пандев да важи од 30-ти октомври што значи дека на зелените терени повторно ќе може да истрча на крајот на април 2015-та. Голгетерот на Турново има можност да се жали на одлуката на дисциплинците на Фудбалската федерација на Македонија.
Поради однесувањето на навивачите, односно нивните навредливи скандирања и пароли, парична казна од 1500 евра ќе платат Вардар и Шкендија.
