Терор во Русија

30.12.2013 16:50

Само еден ден по несреќата што се случи на железничка станица во рускиот град Волгоград, нова експлозија одекна во тролејбус, при што загинаа најмалку 12 лица, а 28 се повредени. Меѓу повредените има и едногодишно дете. Тролејбусот е речиси целосно уништен, а Националниот комитет за борба против тероризмот соопшти дека бомбата најверојатно била поставена во делот предвиден за патници.

„Можеме да потврдиме дека направата ја детонирал бомбаш самоубиец. Пронаједни се делови од неговото тело за идентификација“.-вели Владимир Маркин, портпарол на рускиот комитет за истрага

Според извештаите, сообраќајот во градот е во целосен колапс. Граѓаните одбиваат да користат градски превоз, а дел од претпријатијата праќаат сопствен превоз по вработените. Во волгоградската област е прогласен висок степен на опасност од тероризам.

„За да ја зголемиме безбедноста за време на празниците,  министерството за вонредни состојби работи со висок степен на готовност“.-изјави Владимир Степанов, заменик- министер за вонредни состојби на Русија

Паничната состојба дополнително ја отежнуваат и лажните информации за поставени бомби што кружат на службените мрежи. На Црвениот плоштад беше пронајден сомнителен пакет во торба, за што се утврдило дека е дело на ментално болна жена и дека не претставува опасност. Двата самоубиствени акта кои зад себе оставија 32 жртви и над 100 повредени, според првичните верзии се дело на исламистичките екстремисти од Северен Кавказ, чијшто лидер е самопрогласениот емир Доку Умаров. Експертите немаат дилема дека нападите се во директна врска со претстојната олимпијада во Сочи, но не тврдат дека Умаров е единствениот можен организатор.

Марина Автовска