Крајната десница успеа да поднесе резолуција во ЕП за гласање на недоверба на Јункер

19.11.2014 16:20

Скандалот со „ЛуксЛикс“ систем за избегнување на данокот разаработен од Луксембург го дестабилизра претседателот Јункер, ни истовремено ги обедини евроскептиците во Европскиот парламент...

Групата на евроскептиците во Европскиот парламент (ЕП), во која припаѓаат британската Партија на независноста (UKIP) и францускиот Народен фронт заедно со другите евроскеотици се обедиинија за барање на гласање на доверба на претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер. Резолуцијата нема да го постигне бараното, но ова е прв пат во Европскиот парламент сите евроскептици, суверенисти и националисти да настапат заедно.

Скандалот со „ЛуксЛикс“ систем за избегнување на  данокот разаработен од Луксембург го дестабилизра претседателот Јункер, ни истовремено ги обедини евроскептиците во Европскиот парламент. Според групата на Партијата на независноста - УКИП на Најџел Фараџ, на предложената резолуција потпис ставиле 76 европратеници, колку што се потребни за да таа влезе во процедура.

На текстот покрај 44 членовите на Групата за Европа на слобода и директна демократија, се потпишале упте 32 европратениците од групата на незапишаните. Меѓу нив се наоѓаат 23 европратеници од францускиот Национален Фронт, со исклучок на Жан-Мари Ле Пен, Бруно Голниш и Едуар Феранд. Односно историското јадро на француската националистичка партија.

Овај текст е прв заеднички настап на крајната десница, откако евроскептиците не успеаа да се обединат во иста парламентарна група. Најџел Фарџ ја состави Групата на Европа за Слободи и директна демократија со помош на италијанското движење Пет Звезди на Бепе Грило. Додека, Марин Ле Пен неуспеа да создаде група и заедно со своите партнери кај незапишаните.

Се до вчера нивното приближување изгледаше невозможно, но очигледно дека фронтот анти-Јункер ги обедини.

Радикалната левица минатата недела се обиде да Поднесе предлог резолуција за гласање на недоверба на Јункер, но тоа не и успеа, бидејќи таа одби нејзиниот текст да биде поддржан од пратениците од крајната десница.

Гласањето на доверба се очекува да биде на сесијата на ЕП идната недела во Стразбур, но таа нема никакви шанси да биде усвоена, бидејќи Жан-Клод Јункер ја ужива довербата на трите големи политички групи на Народните парти, социјалистите и либералите.

 

Тони Гламчевски