Грантови

Нова шанса за сопствен бизнис и вработувања

19.11.2014 16:28

Агенцијата за вработување ќе им додели грантови на апликантите кои се на листата на чекање од мерката за самовработување. Според директорот Поповски, оние што понудиле квалитетен бизнис план ќе бидат повикани да склучат договор со Агенцијата...

На невработните им се дава нова шанса да отворат сопствен бизнис и да го остварат својот сон. Агенцијата за вработување ќе им додели грантови на апликантите кои се на листата на чекање од мерката за самовработување. Според директорот Поповски, оние што понудиле квалитетен бизнис план ќе бидат повикани да склучат договор со Агенцијата.

Сакаме да помогнеме на сите квалитетни бизниси кои аплицираа во апликативниот период и беа предселектирани и селектирани во квалитетни бизниси и се на резервната листа на Агенцијата за финансирање“, изјави Директорот на АВРМ, Влатко Поповски.

Ќе се доделат грантови за отворање 40 бизниси во занаетчиската дејност со што дополнително треба да се вработат уште 60-мина. Избрани се лица од Скопје, Куманово, Гостивар, Прилеп и Битола. Според досегашното искуство, младите се најзаинтересирани да отворат бизнис и да ја искористат оваа поволност која според надлежните дава огромни резултати.

Од 2007-ма до 2013-та година вкупно се отворени 5.835 бизниси преку мерката самовработување со грантови од кои 1.812 лица се млади претприемачи, рече Слободанка Алексовска, раководител на Центарот за вработување- Скопје.

183 илјади денари се доделуваат за оваа мерка, а за вработувањата дополнително се издвоени 91 илјада денари, се со цел да се намали невработеноста во земјава и да се стимулираат занаетчиите.

 

Викторија Тодоровска