Снежното невереме во САД однесе четири животи

19.11.2014 17:21

Студено време и снежни врнежи предизвикаа хаос на север од Соединетите Американски Држави. Метеоролозите велат дека овие температури се десетина степени пониски од нормалните за ова време од годината. Најмалу 5 лица го загубија животот како последица од невремето.

Снежни бури и рекордно ниски температури ги погодија северните американски сојузни држави. Најмалку 6 луѓе умреа како последица од снежното невреме. Ситуацијата е најкритична во Бафало, Њујорк, каде наврнаа два метра снег преку ноќ. Многу луѓе се затрупани во домовите и не можат да излезат од вратите и гаражите. Напомош е повикана Националната гарда за остранување на снежните наноси и расчистување на патиштата. Илјадници домови се без електрична енергија, откажани се многу авионски летови, затворени се училиштата, болниците работат со намален персонал, а на улиците се движат само сноумобили. 

Навистина е страотно на автопатот. Бев заглавен речиси шест часа од изутрината“, изјави Усман Ехмед, возач на камион.

Најмалку стотина возила се заглавени на автопатот во еден и останати 40-на во спротивниот правец, имаме потешкотии и не можеме да ги отстраниме и да дојдеме до луѓето со багерите-чистачи на снегот“, рече Марк Полонкарц, офицер на областа Ери Коунти.

Метеоролозите најавуваат дека снегот и натаму ќе паѓа во државите од Средниот Запад и Североистокот. Во сите 50 американски држави преку ноќ, температурите се спуштија под нулата. Најголема снежна покривка има во Силвер Спринг, Колорадо каде паднаа 23 метри снег што не е забележано од 1921година.

Ирина Гелевска