Расте бројот на предвреме родени бебиња

19.11.2014 17:35

Годинава споредбено со лани за 50 проценти повеќе деца се родени во шестиот месец. Причините за ваквата состојба се различни...

Ангела се родила во првата недела од осмиот месец. Нејзиното доаѓање на свет донело радост, но и неизвесност. Сега таа има 3 и пол години. Тежок момент е да се гледа сопственото дете во инкубатор и беспомошно, велат трите мајки чии деца се родени пред време. Иако ќерката на Срна сега има 4 и пол години, таа не може да го заборави периодот поминат на детската клиника.

„Тоа треба да го снимате за да видите како тоа да се биде таму, мајка на дете коешто лежи таму. Тоа излгеда на се само не на нормално дете, избоцкано од сите страни“, вели Срна Алексовска.

Пред 4 години Александра со својот син Виктор го поминала истиот пат. Нејзиниот син Виктор сега е здраво дете, но неговата родилна тежина од 980 грама била загрижувачка.

„90 дена беше во инкубатор со реписраторна поддршка. Тоа беа денови полни со неизвесност, полни со болка, денови исполнети со исчекување и денови исполнети со надеж“, вели Александра Пивкова Дејанова.

Судбината на овие мајки, во моментов ја поминуваат 16 родилки. Нивните бебиња се на одделенијата за неонаталогија и за интензивна нега.

„Над 50 посто од тие новороденчиња се комплетно здрави бидејќи ние имам фолап и тоа е предноста на клиниката бидејќи компелтно ги евалуира нив во однос на нивното понатамошно, особено невро развојно следење“, рече д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести.

Расте бројот на предвреме родени бебиња. Годинава споредбено со лани за 50 проценти повеќе деца се родени во шестиот месец. Причините за ваквата состојба се различни.

„Фактор број е еден инфекција. Исто така, возраста на мајката влијае, не е исто кога е мајката помала и кога е во поодмината младост“, рече д-р Љиља Коиќ, раководител на одделот за интензивна нега.

Лекарите се согласни, дека темпото на живеење, исто така, е една од причините за предвремено раѓање бебиња, не само кај нас туку и во светот.

Наташа Јанчиќ