Случај „Ровер“: Десет ипол години затвор за Љубе Бошкоски

19.11.2014 19:26

Екс министерот за внатрешни работи, Бошковски доби десет ипол години робија. Пресудата е за вмешаност во убиството на Марјан Тушевски..

Не го признавам советот и точка рече Бошкоски и му сврте грб на судијата уште пред да му биде изречена пресудата. Доби десет и пол години робија затоа што им помогнал на тројцата убијци на Марјан Тушевски да се забошоти случајот.

„Кога обвинителниот акт не содржи опис на кривично дело за помагање без обележја на кривично дело и без елемнети на кривично дело судот е должен да донесе ослободителна пресуда“, рече Константин Кратовалиев, адвокат.

Убијците кои се во бегство добија доживотна робија. За останатите казни од пет и пол до 15 години затвор.

Претходно Бошкоски за овој случај беше осуден на 12 години затвор. Апелацискиот суд ја укина пресудата и предметот го врати на повторно одлучување.

Бошкоски и соработниците со умисла помагале само за убиството на Тушевски, но, не и на Јанев – утврди судот, постапувајќи по упатствата на апелација.

„Мислам дека и овој пат не се докажа умислата на ниту еден од обвинетите дека со умисла помогнале да биде  убиен Марјан Тушевски“,

„Оние напатствија кои ги даде Апелацијаделумно не беа испочитувани, од друга страна не беа приложени нови докази, така практично сега имаме само една нова теорија заснована на истите докази со којашто е изречена оваа пресуда“, изјави адвокатите на обвинетите.

Притврот продолжува до правосилноста на пресудата.

На претходните рочишта Бошкоски отворено искажуваше револт против судскиот совет за што неколку апти беше опоменуван и отстранет од судницата.

Членови на Обединети за Македонија пред судот бараа ослободување на нвиниот претседател.

Анита Димитријевска