Овчарите обезбедија храна за зима

20.11.2014 10:18

Дождовите обезбедија доволно храна за овчарството. Сточарите се задоволни и од нејзината цена која поради намалениот ДДВ поевтини за 13 проценти...

Годинава има доволно храна за добитокот. Врнежливото лето овозможи 3 до 4 пати поголеми приноси на луцерката, велат сточарите.

Цената за разлика од лани е за 30 до 40 проценти пониска, а сламата се продаваше само за трошоците за собирање. Јачменот се купува за 8 денари што е соро една третина помалку од лани. 

Се намали и ДДВ-то на добиточната храна која е за 13 проценти поевтина. Концентратот за крави кој се продаваше за 17 сега, чини 15 денари за килограм, што според сточарите е од голема помош. 

 

Методија Трајков