Над 10.000 повици досега на „Ало докторе!“

20.11.2014 11:00

Во изминативе два дена имало вкупно 355 јавувања...

10.303 граѓани побарале медицински совет на бесплатната линија 15123 „Ало докторе!“ од кога истата започна да функционира.

Во изминативе два дена имало вкупно 355 јавувања.

22 доктори се достапни за здравствен совет, а јавувањата се од граѓани од сите градови на Македонија, велат од Здравствениот дом- Скопје.

На сите лица кои се јавиле им е дадена медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија. Најчесто јавувањата на линијата „Ало докторе!“ се за медицинска помош со најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни и респираторни симптоми, граѓани кои бараат психијатриски совет, проблеми со покачена телесна температура, кашлица, настинки и симптомна болка.

Денес во кол центарот на „Ало докторе!“ од 18 до 22 часот ќе биде дежурен д-р Милан Ристевски, директор на Институтот за радиотерапија и онкологија, а утре д-р Славица Шубеска Страткова од Клиниката за ендокринологија.