Нов напад на странски работници во Авганистан
20.11.2014 11:38
Еден напаѓач загинал додека го активирал возилото полно со експлозив во источниот дел на Кабул, соопшти полицијата...

Четири талибанските милитанти извршија напад на место за домување на странски работници во главниот град на Авганистан.
Еден напаѓач загинал додека го активирал возилото полно со експлозив во источниот дел на Кабул, соопшти полицијата.
Другите тројца напаѓачи загинаа во престрелка со полицијата. Ова е втор напад на странски комплекс во Авганистан во последните неколку дена.
