Напад на германската амбасада во Атина
Нападната резиденцијата на германскиот амбасадор во Атина. Две лица истрелале четири куршуми во влезната порта. Нема повредени ниту материјална штета. Германскиот министер за финансии Шојбле сепак застана зад Грција. Рече дека Европа нема да и го сврти грбот, а претседавањето со Унијата е голема шанса за Атина.
Борби во Конго
Војската на Демократска Република Конго одби неколку напади на „непозната терористичка група“ во главниот град. Цел биле државната телевизија, меѓународниот аеродром и воена база. Убиени се 40 напаѓачи и ситуацијата е под контрола.

„Тајмс“: Путин меѓународна личност на 2013
Лондонски „Тајмс“ го прогласи рускиот претседател Путин за меѓународна личност на годината. Според весникот, негови достигнувања годинава се тоа што го „надигра“ претседателот на САД Обама во врска со Сирија и Европската унија за Украина и тоа што му даде азил на американскиот шепкач Сноуден.
Снежно невреме се движи кон САД
Силно снежно невреме забрзано се движи кон североисточниот дел на САД. Најтешко погодени ќе бидат Мејн, Вермонт и Њу Хемпшир. Регионот уште ја нема санирано електродистрибутивната мрежа од претходното невреме.
Топлотен бран во Аргентина
Во Буенос Аирес на јужната хемисфера, жителите палеа ѓубре на улиците и тропаа на тенџериња поради повеќедневните проблеми со електричната мрежа среде жежок топлотен бран.
„Нема ни вода ни светло, утре веќе цела недела“, вели Моника, жител на Буенос Аирес.
Нова година на Антарктикот
Рускиот научен брод „Академик Шокалски“ останува заглавен среде мразот. Туристите и научниците, во добро здравје и со доволно продукти, ќе ја пречекаат Новата година на Антарктикот.
„Попладнево ќе пееме среде мразот, ќе биде фантастично. Спектакуларно е, како волшебна зимска земја на чудата“, вели Никол де Лоса, патник на бродот.
Трите мразокршачи пратени од Франција, Кина и од Австралија ќе чекаат подобри временски услови да го извлечат.