Кривична за кичевец за обид за убиство

20.11.2014 11:53

Пријавениот се обидел од живот да лиши 19 годишен сограѓанин, нанесувајќи му со остар предмет две убодни рани во пределот на грбот, по што избегал од местото и го оставил повредениот...

Кривична пријава заработи 22 годишен кичевец. Осомничен е за сторено кривично дело „убиство во обид“. Кривичното дело е извршено на 18-ти овој месец околу 17 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, во близина на џамијата во кичевската населба „Бела кула“.

Пријавениот се обидел од живот да лиши 19 годишен сограѓанин, нанесувајќи му со остар предмет две убодни рани во пределот на грбот, по што избегал од местото  и го оставил повредениот.

На настанот му претходела караница. На повредениот му е укажана медицинска помош во општата болница во Кичево. По брза интервенција на полициските службеници е пронајден и насилникот.

Одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е испратен во казнено-поправната установа во Тетово.

 

Наташа Гркова-Петрушевска