Приведени пет албански и една бугарска државјанка, нелегално работеле во Чегране како танчерки и пејачки

20.11.2014 12:04

Странските државјанки на возраст од 19 до 34 години биле затекнати во угостителскиот објект „Нота“ сопственост на А.Ш.(46). По приведувањето е утврдено дека тие го злоупотребиле туристички престој...

Во синоќешната акција на гостиварската полиција за откривање на лица со нерегулиран престој и работење во земјава, во селото Чегране биле откриени една бугарска државјанка и пет албански, кои работеле како пејачки и танчерки. Во текот на денот се очекува тие да бидат изведени пред судија за прекршоци во Основен суд Гостивар, информираат од СВР Тетово.

Странските државјанки на возраст од 19 до 34 години биле затекнати во угостителскиот објект „Нота“ сопственост на А.Ш.(46). По приведувањето е утврдено дека тие го злоупотребиле туристички престој, а нелегално работеле како пејачки и танчерки. Подоцна, тие се предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија.

Заради основан сомнеж дека го прекршиле законот за странци, тие ќе се соочат парични глоби и со забрани за влез и престој во Македонија.