Гостиварец заработи кривична за измама
20.11.2014 12:18
Делата ги сторил пред две години, кога на две лица од Гостивар и Битола им ветил дека ќе ги вработи и ќе им извади работна виза за во Белгија или во Швајцарија...

48 годишен гостиварец заработи кривична пријава за две измами. Делата ги сторил пред две години, кога на две лица од Гостивар и Битола им ветил дека ќе ги вработи и ќе им извади работна виза за во Белгија или во Швајцарија.
Двајцата кои очекувале помош за да најдата работа во странство му поверувале. Измамникот за услугата однапред на гостиварецот му наплатил 5 илјади евра, а на битолчанецот 950 евра.
Лицата илегално работеле неколку месеци во Белгија и Швајцарија во фирма на пријавениот, но тој не им оберзбедил работна виза и не им ги вратил парите.
Наташа Гркова-Петрушевска
