10-тина мигранти од Сирија бараат азил во Македонија

20.11.2014 12:59

Се превезувале со возот кој сообраќа од Гевгелија за Скопје...

Десетина бегалци од Сирија се откриени на железничката станица во Велес. Се превезувале со возот кој сообраќа од Гевгелија за Скопје.

Имале регуларно купени билети. Откако се откриени, биле симнати од возот.

Од МВР информираат дека тие побарале азил во Македонија, по што биле пренесени во прифатниот центар за азил во Визбегово.

 

Наташа Гркова-Петрушевска