Хаос во САД од снежната бура, најкритично во околината на Бафало
20.11.2014 13:20
Североистокот се подготвува за нов снежен бран, откако претходниот затрупа поголем дел од земјата и зеде најмалку седум животи...

Снежната бура предизвика хаос во САД. Половина од државата е под снег, со температури под нулата.
Североистокот се подготвува за нов снежен бран, откако претходниот затрупа поголем дел од земјата и зеде најмалку седум животи. Состојбата и натаму е најкритична во и околу Бафало во Њујорк.
Стотици возачи останаа заробени на патиштата.
Бев преплашен, не можев да замислам да бидам заробен во снег таму во средината на автопатот, вели еден возач
Од тежината на снежната покривка која наместа достигна и до два метри, отштетени се и покривите на некои куќи.
