Повторно стопирана есенската сеидба во Пелагонија

20.11.2014 13:30

Поради обилните дождови есенската сеидба во Пелагонија повторно стопирана, досега насеани само половина од планираните 26 илјади хектари...

Нашата најголема житница одамна не памети понеизвесна есенска сеидба. Последните наврнати 35 литри дожд на метар квадратен ја стопираа оваа најзначајна земјоделска операција и тоа во услови кога оптималните рокови се пробиени, а есенскиот сеидбен план е половично исполнет од планираните 26.000 хектари.

Доплонителни главоболки на пелагониските земјоделци им задава и тоа што само десетина процетти се ожнеани од пченката, а тие површини дури потоа треба да се подготвуваат за есенска сеидба. Велат, зголемената влажност и каливите полиња не дозволуваат продолжување на активностите.

Кога ќе се влезе повторно се зависи од временските услови. Докулку во следниот период нема поголеми врнежи изгубеното ќе се обидеме да го надополниме и во декември.

Имало години кога сме доцнеле со сеидбата, но овојпат навистина неизвесноста е голема дали ќе се посее планираното, велат поискусните пелагониски землоделци.

Деновиве, доплонителини проблеми во атарите на некои села направи и излевањето на водата од деветиот и десетиот одводен канал.

Засега добро е што водата во коритото на „Црна Река“ е на ниво од 2,4 метри и е далеку од критичната точка. Сепак плодните пелагониски полиња имаат акумулирано голема влага која до крајот на годинава ќе носи неизвесност, колку од сеибениот план ќе биде исполнет.

     

Стевче Митревски