Заверка на потврдите за ортопедски помагала и во истурените шалтери на ФЗОМ

20.11.2014 13:58

Ова денеска го соопшти раководителот на Подрачната служба на ФЗОМ во Скопје, Зоран Печевски, кој рече дека освен за ортопедските помагала кои треба првпат да поминат на лекарска комисија...

Правото на осигуреникот за заверка на одредено ортопедско помагало, според критериумите дефинирани во правилникот, отсега ќе се добива и на истурените шалтери на фондот за здравствено осигурување,освен за оние на кои им е потребно мислење од лекарска комисија.

Ова денеска го соопшти раководителот на Подрачната служба на ФЗОМ во Скопје, Зоран Печевски, кој рече дека освен за ортопедските помагала кои треба првпат да поминат на лекарска комисија, за сите други ортопедски помагала заверките на потврдите ќе може да се вршат во наведените истурени канцеларии.

Ортопедските помагала за кои е потребно мислење од лекарската комисија се инвалидски колички, протези, одредени ортози, колостоми, илеостом, уростоми, поправки на помагалата.

Посочи дека потврдите се заверуваат еднаш месечно зависно за кое ортопедско помагало станува збор.