Средба на Бесими со бизнис секторот- во фокус економскиот дел од извештајот на ЕК
Бизнис секторот бара и подобрување на структурата на пазарот на трудот - продуцирање кадри соодветно подготвени и квалификувани за потребите на реалниот сектор...

Вицепремиерот Фатмир Бесими ги запозна бизнис заедниците со економскиот дел од извештајот за напредокот на земјава. Беа презентирани и можностите што ги нудат европските фондови и програми, кои им стојат на располагање на коморите и на компаниите.
И покрај генералната добра оценка, беше констатирано, има забелешки на кои мора да се поработи. Бизнис секторот бара и подобрување на структурата на пазарот на трудот - продуцирање кадри соодветно подготвени и квалификувани за потребите на реалниот сектор.
Во наредниот период ќе се посветиме, пред се, на намалувањето на невработеноста иако тука веќе бележиме позитивен тренд, структурните реформи на пазарот на трудот, поголемата конкурентост на нашите производи, подобрувањето на комуникацијата со бизнис заедницата и правната сигурност во однос на измените на законите и судскиот систем. Особено внимание ќе се посвети и на иновативноста, фискалната дисциплина и фискалното планирање, изјави Бесими по состанокот.
