Опозицијата молчи за предвремени избори

30.12.2013 17:37

За три месеци се  редовните претседателски , но дали ќе се случат и предвремени парламентарни избори? Изјавата на премиерот во новогодишното интервју за МРТ дека власта е подготвена и за предвремени избори , аналитичарот  Клековски ја коментира како повик до опозицијата да се изјасни за тоа. Смета дека е тоа  дел и  од Мартовскиот договор.

 -Тие се во предизборна кампања според мене, меѓутоа дали ќе се одлучат да има избори зависи од проценките на двете партии , дали добиваат или  дали  губат со евентуални предвремени избори, - вели аналитичарот Клековски

Ќе има или не предвремени парламентарни избори најмногу ќе зависи од политичката математика на Груевски и на Ахмети и од функционирањето на владината коалиција, смета Ивица Боцевски. Според него, иако опозицијата тврди дека власта е во паника , знае дека и недостигаат близу 100 илјади гласови за победа. Боцевски е скептик во однос на евентуалното консензуално коалицирање меѓу СДСМ и ДУИ.

- 1 и 1 не дава секогаш 2, 1и 1 понекогаш може да даде и 0,5, а 1 и 1 понекогаш може да даде и 5. Во овој случај мислам дека една отворена коалиција на СДСМ  со ДУИ ќе отуѓи еден огромен дел од нивното бирачко  тело и тоа нема да го донесе оној учинок кој што тие сметаат дека ќ е го донесе, - вели аналитичарот Боцевски

Експертите сметаат дека партиите на поранешните членови на СДСМ Јакимовски и Бучковски ќе однесат дел од гласачкото тело на опозицијата. Иако засега се само претпоставки, веќе се прават калкулациите. Анкетите пак говорат дека владејачката ВМРО ДПМНЕ би ја задржала убедливата предност .  

Наташа Гркова-Петрушевска